251
На никого не му е јасно
зошто Ромелу Лукаку се двоумеше во една ситуација на синоќешниот меч против
Ватфорд кога имаше чиста позиција да постигне гол.
Жозе Мурињо, шефот на
стручниот штаб на Манчестер јунајтед вели дека неговиот напаѓач е во исчекување
на договор со некој бренд околу копачките.
„Мислам дека му е
потребен голем договор околу копачките бидејќи во моментов нема договор со ниту
еден бренд, затоа носи црни копачки, му заврши постоечкиот договор, во
исчекување е на вистинската понуда“ рече Португалецот.

