Навивачите на Ливерпул му кажаа НЕ на Нејмар, дури 79% не го сакаат Бразилецот на Енфилд

by
1 минути читање

Напаѓачот минатото лето изрази желба да замине од Париз, секој ден се пишуваше за негов трансфер, но зделка не се реализираше. Медиумите и понатаму шпекулирата дека Бразилецот ќе го напушти ПСЖ, Ле Парисиен вели дека шест клубови би можеле да наддаваат за играчот.

Весникот ги посочи Ливерпул, Челси, Манчестер Сити, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус како можни следни дестинации.

Навивачите на Ливерпул беа изненадени од ваквите стории, па локалниот весник Ливерпул Ехо веднаш спроведе анкета за да види што мислат фановите за една ваква „бомба“.

Свој глас дадоа преку 3.000 луѓе, и 79% се против идејата Нејмар да пристигне на Енфилд. Напаѓачот има поддршка од само 11%, додека 11% не знаат дали сакаат или не да го видат Нејмар во црвениот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×