Кристал Палас и
Арсенал ремизираа со резултат 1-1 во пресметката на обата градски ривали во
Лондон, а домашните фанови се чини дека имаат посебни забелешки за тоа како
функционира ВАР технологијата.
Тие за време на
мечот извадија доста критичка порака за тоа како функционира ВАР технологијата,
а за истата порачаа веднаш да сопре со употреба.
„Ја убива
пасијата, ја убива атмосферата, го убива натпреварот, запрете го ВАР сега“
порачаа фановите на Кристал Палас.
Сепак, фактот говори нешто сосема друго, а веројатно и целосно ги демантира нивните барања по тоа што се случи на денешниот дуел со Арсенал.
По грубиот старт, Обамејанг најпрво доби жолт картон, за потоа преку консултација со ВАР технологијата за можен црвен картон, одлуката беше променета токму со исклучување за Габонецот.