Откако во Лондон пристигнаа 20.000 фанови на Келн, Арсенал порача
дека нема да ги пушти гостинските навивачите во секторите на стадионот наменети за
домашните навивачи, но „Топчиите“ џабе се заканија.
Низ целиот
Емирати Стадион има гостински фанови и покрај тоа што „Јарците“ добија само
3.000 билети.
Гостите од
Германија со досетливи трикови стигнале до билети за дуелот. Тие изминатиов
месец станале членови на Арсенал а денеска купувале и дресови на „Топчиите“ за
да ги поминат контролите.
Чудо ќе биде доколку натпреварот помине без инцидент со оглед на тоа дека
големи групи на навивачи на Келн се на трибини каде што треба да има само
домашни фанови.
Example of just how many Cologne fans are in the Arsenal end. pic.twitter.com/tvrA97qGvI
— Charles Watts (@charles_watts) September 14, 2017