Навивачите на Дортмунд покажаа класа, им нудат смештај на фановите на Монако (ФОТО)

by
2 минути читање

Експлозијата која
го погоди автобусот на „Милионерите“ придонесе средбата против Монако да биде
одложена за утре, а ова донесе проблем за гостинските фанови.

Голем дел од
навивачите на Монако планираа по крајот на натпреварот да се вратат дома, но
сега треба да останат уште еден ден и непланирано да преноќат во
Дортмунд.

За да им помогнат
околу смештајот, фановите на Борусија Дортмунд се мобилизираа на социјалните
мрежи за да најдат кревет повеќе, и на Твитер и Фејсбук беше креиран хаштагот
#bedforawayfans.

Па добар број на
фанови на Монако вечерта ќе ја поминат на гости кај навивачи на Борусија
Дортмунд, и на социјалните мрежи веќе се споделуваат слики од убавата дружба.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани