„Топчиите“ чекаат кикс на ривалите за да обезбедат место во Лигата на
шампионите, но среќата не беше на нивна страна овој викенд.
Вчера, Лестер можеше да го изненади Манчестер Сити, но Ријад Марез се лизна при изведување пенал, па иако ја затресе мрежата, погодокот му беше
поништен поради тоа што со двете нозе ја удри топката.
Денес тие одново останаа разочарани откако на дуелот помеѓу Вест Хем и
Ливерпул, Андре Ају имаше голема „утка“ и при минимално водство на „Црвените“,
во 44. минута промаши нешто што речиси е невозможно да се промаши.
При една мешаница во казнениот простор на гостите, интернационалецот од
Гана доби чиста позиција да израмни, но неговиот обид од само неколку метри заврши
во стативата.
За малерот да биде поголем, Ају прв дојде до одбиената топка, биеше одново,
но и во вториот обид ја погоди само стативата.