Ернесто Валверде
застана зад својот фудбалер Филипе Кутињо откако Бразилецот синоќа го доби
одговорот од навивачите на Камп Ноу арената при влегувањето во игра на мечот со
Реал Сосиедад, кој домаќините го добија со 2-1.
Кутињо претходно
погоди против Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите, а гестикулираше кон
гледалиштето за тоа како ги слуша реакциите, алудирајќи на зачестените критики
кон него, а вчера при влегувањето во игра доби бурни свирежи од трибините,
сепак, Валверде смета поинаку.
„Мислам дека нема
никаква приказна во овој случај, премногу внимание му се даде на сево ова, така
е поради тоа што ова е Барселона, а со Барселона некои работи кои не се толку
важни, им се дава многу големо значење“ посочи Валверде кој сепак смета дека
навивачите го поддржуваат Бразилецот.
„Навивачите го
поддржуваат Кутињо, а тој е исто така со нив“ заклучи шефот на стручниот штаб
на Каталонците.