Навивачот на Ливерпул кој вчера го испровоцира Симеоне, бил суспендиран на три години

by bojan
1 минути читање

Навивачот на Ливерпул кој на вчерашниот натпревар против Атлетико Мадрид влезе во конфронтација со Диего Симеоне, бил суспендиран на три години за инцидент во кој навредувал жена со попреченост.

Диего Симеоне синоќа сакаше да се тепа со еден навивач на Ливерпул, кој го испровоцира тренерот на Атлетико Мадрид по голот на Ван Дајк за 3-2 во 92. минута од натпреварот.

Аргентинецот рече дека неговата постапка не била исправна, но реагирал поради навредите кои ги добил.

Навивачот на Ливерпул, кој е идентификуван како Џонатан Полтер утрово се огласи на социјалните мрежи за да појасни дека не навредувал на расна основа, ниту пак ја спомнал Фолкландската војна (помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство).

Но тој и пред 10 години имал испад на трибините, поради кој бил суспендиран на три години и забрана за присуство на фудбалски натпревар.

Во 2015, на прошталниот натпревар на Стивен Џерард на Енфилд, настанала расправија поради поставен транспарент, кој го попречувал видикот на навивачите во инвалидска количка, а Џонатан Полтер користел навреди и заканувачки тон кон еден постар човек и неговата жена со попреченост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×