Навивачите на Бешикташ предизвикаа вистинско лудило на Инстаграм во обид да го доведат Џејдон Санчо во Турција.
Последната објава на англиското крило има неверојатни пет милиони коментари, а огромен дел од нив се пораките „Дојди во Бешикташ“ од страна на турските фанови. Вакво нешто ретко се гледа на социјалните мрежи, а останува да видиме дали Санчо ќе попушти под притисокот и ќе тргне кон Истанбул.
Објавата на Санчо е меѓу најкоментираните во историјата на Инстаграм и според неофицијалните информации е на четвртото место на вечната листа.
Англичанецот ова лето се поврзува со камбек во Борусија Дортмунд, интерес покажува и Јувентус, но навивачката кампања на Бешикташ изгледа е далеку погласна од конкуренцијата.