1,5K
Реал Мадрид има силен тим и сезонава, но не блеска и се најавуваа нови имиња во јануари, но тоа изгледа нема да се случи.
„Кралевите“ во изминатото лето се засилија со Килијан Мбапе кого долго време се обидуваа да го доведат. Во овој момент Реал е втор на табелата во Примера со еден бод помалку од лидерот Атлетико, додека во ЛШ на две кола пред крајот се 20. со девет бода и се уште не го обезбедиле местото во нокаут фазата.
Сепак, во Реал веруваат во постоечкиот играчки кадар и донеле одлука да не излегуваат на пазарот во јануарскиот преоден рок.
Во клубот очекуваат тимот со Анчелоти во наредниот период да ја крене формата, а целта е одбрана на трофеите во Шпанија и Европа.