Навивачите на Ливерпул фаќаат сеир, бројките на Арнолд против Осасуна беа – ужасни!

by Стефан
1 минути читање

Aлександер Арнолд пристигна во Реал Мадрид како големо засилување, но во вчерашниот натпревар против Осасуна имаше разочарувачки настап.

Реал успеа да освои три бода и тоа благодарение на голот од пенал кој го постигна Мбапе. Арнолд на теренот помина 68 минути и во нив не освои ниту една топка, а „нула“ имаше и во добиените воздушни дуели.

За времето во Ливерпул стана препознатлив по долгите додавања, меѓутоа вчера и тука потфрли, не погоди ниту едно од четири обиди. Кога се нафрлувањата во прашање имал само еден употреблив од седум.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×