Maкедонскиот голман Столе Димитриевски во редовите на Валенсија пристигна со очекувања да биде прв голман, но потоа се случи Ливерпул да го остави Мамардашвили на позајмица во клубот од „Местаља“, па нашиот голман е втора опција.
Од трансферот Димитриевски доби само неколку можности да застане на голот на шпанскиот тим, но во шпанската јавност се коментира дека Грузиецот добива минутажа и повеќе отколку што заслужува поради неговата лоша форма.

Еден од најпознатите шпански медиуми „Марка“ поради тоа отвори дебата прашувајќи кој треба да биде прв избор.
„Сезонава Мамардашвили брани навистина лошо и директно е одговорен за неколку изгубени бодови. Последниот кикс го направи против Ваљадолид и поради тоа прашањето е сосема на место“, објави „Марка“.
Дека Димитриевски треба да има предност сметаат и навивачите кои тоа го покажаа со своите гласови кои се во корист на македонскиот чувар на мрежата.
