Навивачите на Торино „доставија“ измет пред тренинг центарот – за сопственикот! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Тензиите околу Торино продолжуваат да растат, а дел од навивачите решија јавно да го изразат незадоволството од состојбата во клубот и начинот на раководење.

Група од околу десетина фанови се појави пред тренинг центарот на тимот, каде поставија голем транспарент. Пораката беше директно насочена кон претседателот Урбано Каиро и гласеше „Измет ист како Каиро“, со што јасно ја искажаа фрустрацијата од актуелното водство.

Видеото од протестот брзо се прошири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во италијанската јавност. Дел од навивачите бараат промени во управувачката структура, сметајќи дека клубот стагнира и не го користи својот потенцијал.

Торино пред неколку денови му врачи отказ на тренерот Марко Барони, а клупата му ја довери на Роберто Д’Аверса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×