Навивачите на Нотингем во неверица, рекордното засилување се жали: Кремата за лице…

by bojan
1 минути читање

Навивачите на Нотингем Форест се во неверица од коментарите кои ги даде Омари Хачинсон по синоќешниот натпревар против Митјиланд, рекордното засилувањето од речиси 37,5 милиони фунти се пожали дека поради силниот дожд, кремата за лице му завршила во очи.

Нотингем Форест оваа сезона игра под очекувањата, популарните „шумари“ вчера загубија со 0-1 од Митјиланд во првиот натпревар во осминафиналето во Лига Европа.

Навивачите дополнително останаа разочарани кога ги слушнаа коментарите на Омари Хачинсон за кого беа платени 37,5 милиони фунти, рекордно засилување на клубот.

Временските услови вчера беа далеку од идеални, особено во второто полувреме врнеше многу дожд, а сите се во неверица од тоа што прво му падна на ум на Омари Хачинсон.

 „Не можев да гледам, кремата за лице ми влегуваше во очи, беше навистина тешко“ – се коментарите кои предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи.

Многумина побараа коментар за ова да даде легендарниот Рој Кин, кој важеше за голем борец и жестоко момче кое не се плаши да влезе во конфликт.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×