Медиумите од Италија пренесуваат дека агентот Киа Јорабчијан му предложил на Милан да го ангажира и братот на Џошуа Зиркзе и на тој начин да се најде компромис за провизијата од 15 милиони евра.
„Росонерите“ го идентификуваа Џошуа Зиркзе како прва желба за засилување на нападот и ја известија Болоња дека ќе ја активираат откупната клаузула од 40 милиони евра.
Клубот од Сан Сиро потоа лесно најде заеднички јазик со Холанѓанецот за висината на платата, но запнаа преговорите со неговиот агент.
Киа Јорабчијан побара провизија од 15 милиони евра, сума која Милан одбива да ја плати.
Последните информации велат дека Киа Јорабчијан сега дал интересен предлог за да се најде компромис.
Агентот сака Милан во пакет да го ангажира и Џордан Зиркзе, братот на Џошуа. Момчето родено во 2005 во моментов е дел од У19 тимот на Баер Леверкузен.
„Росонерите“ во минатото имаат комплетирано слични зделки, во пакет со Кака пристигна и неговиот помлад брат Дигао, а за Џиџо Донарума да биде среќен, потпишаа и со неговиот постар брат Антонио.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.