Навивачите на Милан му приредија спектакуларен пречек на Модриќ (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По цели 13 години минати во дресот на „кралскиот клуб“, Лука Модриќ летово стави крај на ерата во Реал Мадрид и официјално се пресели во редовите на Милан. Хрватскиот ветеран денеска пристигна во Италија и веднаш беше претставен пред медиумите.

По прес-конференцијата, на 40-годишниот играч за врска му беше приреден и еуфоричен пречек од бројни навивачи на „росонерите“, кои со ова јасно дадоа до знаење дека од него очекуваат многу во новата сезона.

Иако е веќе во поодминати фудбалски години, фановите на Милан се уверени дека искуството и лидерските квалитети на Модриќ ќе бидат клучни во обидот клубот повторно да се искачи на самиот врв на италијанскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×