Навивачите на Кристал палас со пиротехничко шоу против Ливерпул порачаа: УЕФА мафија! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Со денешниот натпревар во Комјунити Шилд помеѓу Ливерпул и Кристал палас започна новата сезона во Англија, а пред овој натпревар навивачите на Палас имаа порака до Европската куќа на фудбалот.

На трибината со навивачи на Кристал палас беше направено пиротехничко шоу при кое се истакна и парола „УЕФА мафија“.

Причината за вакваата реакција е исфрлањето на Кристал Палас во Конференциската лига поради Џон Текстер кој е акцинер во клубот, но исто така и во француски Лион, а според правилата на УЕФА два клуба со ист сопственик не може да се натпреваруваат во исто натпреварување.

Поради тоа нивното место го презема Нотингем форест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×