Потпретседателот на Интер, Хавиер Занети предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографија од вечера со младиот Нико Паз од Комо, кој е еден од најбараните играчи во Европа.
Нико Паз е дамнешна желба на Интер а навивачите можат да сонуваат по последната објава на Хавиер Занети на социјалните мрежи.
Потпретседателот на „нероаѕурите“ вчера бил на вечера со фудбалерот на Комо, заедно со неговиот татко и уште една легенда на „црно-синиот“ дрес – Диего Милито.
Тимот на Кристијан Киву има потреба од креативец каков што е Аргентинецот, тоа особено се виде против Бодо/Глимт и Милан, но зделката воопшто не е лесна.
Реал Мадрид има опција да го врати Нико Паз во своите редови за 9 милиони евра ова лето, односно за 10 милиони евра летото во 2027 година.
Па за секоја продажба амин се чека и од „кралевите“, а со оглед на тоа дека половина Европа се интересира за Нико Паз, неговата цена е помеѓу 60 и 70 милиони евра.
Nico Paz at Javier Zanetti's restaurant with his father and Diego Milito 👀🔵⚫️ pic.twitter.com/tNvj8Ts8P1
— All About Argentina 🛎🇦🇷 (@AlbicelesteTalk) March 13, 2026