Навивачите на Арсенал го кренаа гласот и започнаа кампања на социјалните мрежи откако се појавија информации дека „топчиите“ ќе го ангажираат Нони Мадуеке од Челси во зделка која може да изнесува и до 60 милиони фунти.
Арсенал работи на неколку фронта на трансфер пазарот, но последните информации наидоа на негодување и критики кај навивачите.
„Топчиите“ понудиле 50 милиони фунти за Нони Мадуеке, Челси нема ништо против да го продаде Англичанецот, но бара повеќе, или околу 60 милиони фунти.
Па навивачите на клубот од Северен Лондон се во неверица и се чудат зошто плаќаат толку многу за фудбалер кој не е докажан во Премиерлигата, и на социјалните мрежи започнаа кампања со хаштагот „#NoToMadueke“.
Фрустрацијата кај нив е дополнителна поради тоа што Арсенал се мачи да го комплетира трансферот на Виктор Ѓокереш од Спортинг вреден околу 70 милиони фунти, како и тоа што Еберечи Езе од Кристал Палас може да биде купен за слична сума, а тој е далеку подобра опција од Нони Мадуеке.
ФОТО: X/Chelsea FC