Навивачите конечно дочекаа: Нејмар заигра како во најдобрите денови (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Во рамките од 18. коло во бразилската Серија А, екипата на Сантос славеше убедлива победа над Хувентуд со 3-1, а најдобар на теренот беше Нејмар.

Нејмар во последниот период добивааше критики од навиваачите со кои влезе и во конфликт, меѓутоа сега конечно одигра натпревар каков што се очекува од него.

Бразилскиот ветеран со два гола беше херој во триумфот од 2-1, прво погоди во 37. минута кога го отвори резултатот за потоа и да го потврди триумфот на десетина минути пред крајот.

За Нејмар ова беа први голови по дуелот со Фламенго пред повеќе од еден месец кога го постигна единствениот гол на средбата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×