Навивачите фрлаа со предмети по Куртоа, па добија ќотек од полицијата! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Осасуна приреди сензација во Ла Лига откако на „Ел Садар“ во Памплона го совлада лидерот Реал Мадрид со 2-1. Херој на домаќините беше Раул Гарсија кој со погодок во 90. минута го реши натпреварот, откако претходно Винициус Жуниор донесе израмнување за „кралевите“.

Иако резултатот одекна во шпанската јавност, меѓу темите по средбата беа и немилите сцени на трибините. За време на мечот од јужната трибина беше фрлено пластично шише кон голманот на Реал, Тибо Куртоа. Белгиецот реагираше смирено и го предаде предметот кај судијата, по што следуваше предупредување преку разглас.

По последниот свиреж, обидот на обезбедувањето и полицијата да го идентификуваат одговорниот навивач предизвика тензии. Ситуацијата ескалираше во турканици и паника во коридорите на стадионот, при што две лица беа приведени, а двајца навивачи завршија со повреди.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×