Навивачи се во трка со времето за да спасат поранешен португалски шампион од целосно згаснување

by riste
1 минути читање

Поранешниот португалски шампион, Боависта поминува низ најтешкиот период од своето постоење, му се заканува целосно згаснување.

Поради финансиските проблеми, Боависта беше исфрлена во аматерски ранг на натпреварување, но ситуацијата може да биде уште полоша од тоа.

Имено, судот донел одлука според која Боависта до крајот на наредната недела треба да уплати 55.000 евра, во спротивно клубот целосно ќе биде згаснат.

Со цел да се избегне најцрното сценарио, навивачите ги преземаа работите во свои раце и почнаа акција со цел да ги соберат потребните пари.

Португалските медиуми пишуваат дека акцијата тргнала добро, меѓутоа кратко е времето, па ќе мора да побрзаат за да ја соберат сумата.

Боависта и пред неколку години беше исфрлена во понизок ранг, но тогаш брзо се врати. Сепак сега ситуацијата е посериозна.

Најголемиот успех во историјата на овој клуб се случи во 2001 година кога ја освоија шампионската титула пред Спортинг, Бенфика и Порто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×