Навивач останал во шок: Прелетал 9.000 километри, платил 1.000 евра за влезница и не успеал да влезе на стадион!

by Стефан
1 минути читање

Додека за навивачите од Островот гледањето натпревар од Премиер лигата е неделен ритуал, за други од најразлични делови во светот тоа е шанса која се пружа можеби само еднаш во животот.

Но, со непријатно искуство сега се соочи извесен Џејмс, фан на Тотнем од Јужна Кореја, кој минатиот викенд прелета речиси 9.000 километри до Брајтон за првпат во живо да го гледа неговиот омилен тим во живо. Влезницата ја платил 900 фунти (околу 1.000 евра) на нелегална интернет-страница, но кога се обидел да влезе на стадионот бил одбиен, пишува Би-Би-Си.

Причина било тоа што билетот кој го поседувал бил купен од нелегална веб страница и во меѓувреме тој бил деактивиран во системот. На билетарата му било објаснето дека билетот е набавен нелегално и никако не успеал да влезе на стадионот.

„Разочаран сум, не го разбирам како може да се случуваат вакви работи. Ми кажаа да се обидам да ги вратам парите“, изјавил за новинарите навивачот.

Покрај Џејмс и уште стотина навивачи на Спарс кои билети купиле од истата страна се соочиле со проблем и не можеле да влезат на стадионот.

Фото: Tottenham Hotspur

Можно е и ова да ти се допаѓа

×