Навивач направи непристоен гест за селфи со Роналдо, Португалецот веднаш му одржа лекција (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Португалската фудбалска икона Кристијано Роналдо повторно се најде во центарот на вниманието, но овојпат поради непријатна сцена со навивач во Минхен, веднаш по освојувањето на титулата во Лигата на нации со националниот тим.

Роналдо, кој со оваа титула ја додаде втората круна во ова натпреварување со Португалија, по завршното славје одвои време за своите фанови, делеше автограми и се фотографираше со бројни обожаватели кои со возбуда го чекаа својот ред.

Но, еден од присутните навивачи се обиде да ја искористи ситуацијата и се турна напред во обид да направи селфи со ѕвездата на Ал Наср. Роналдо веднаш реагираше и му одржа кратка, но јасна лекција, одби да се фотографира, направи чекор назад и со смирен гест го повика навивачот да покаже почит кон останатите што трпеливо чекаа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×