259
Денеска во ФА Купот имаше интересна ситуација, фудбалерот на нисколигашот Аркингтон, Џош Вудс е фан на Ливерпул, а судбината сакаше да игра против тимот за кој навива.
Вудс одигра 63 минути од денешниот меч кој го доби Ливерпул со убедливи 4-0.
По натпреварот тој имаше прилика да се сретне и со тренерот на „црвените“, Арне Слот кој му ја исполни големата желба и се фотографираше со него.