Навивач на Барса заврши на 600 км погрешен стадион и гледаше трета лига место ЛШ

by bojan
1 минути читање

Еден навивач на Барселона вчера заврши на погрешниот „Сент Џејмс Парк“, па наместо да го гледа натпреварот против Њукасл во Лигата на шампиони, го следел мечот помеѓу Ексетер и Линколн во третата англиска лига.

Барселона синоќа гостуваше на „Сент Џејмс Парк“ кај Њукасл во четвртфиналето во Лигата на шампионите, а еден навивач на „каталонците“ наместо да ужива во драматичниот меч на северот на Англија, гледал меч од третата англиска лига.

Тој се појавил на „Сент Џејмс Парк“, стадионот на Ексетер на југозападот на Англија, околу 600 км подалеку.

Редарите се чуделе кога тој им покажал билет од натпреварот помеѓу Њукасл и Барселона, но веднаш на сите им станало јасно дека дошло до забуна.

Вработените во Ексетер се сожалиле со навивачот на Барселона, па го пуштиле да го гледа натпреварот против Линколн.

„Еден од нашите волонтери дојде во канцеларијата за да не извести дека се појавил човек кој очекувал да ја гледа Барселона“ – вели Адам Спенсер, координатор за односи со навивачите на Ексетер.

„Не зборуваше добро англиски, од она што разбравме, дошол од Лондон“.

„Претпоставувам дека во телефон внел „Сент Џејмс Парк“ и потоа само ги следел насоките. Беше прилично разочаран и засрамен. Му обезбедивме билет за да го гледа нашиот натпревар и секогаш е добредојден да се врати“.

ФОТО: X/FC Barcelona

Можно е и ова да ти се допаѓа

×