151
Многумина беа изненадени кога Барселона одлучи да го купи Боатенг, како што и се претпоставуваше за него нема место во стартниот тим, па обично седи на клупата.
Синоќа Барселона го победи Атлетико Мадрид, a Боатенг го преседе натпреварот на клупата, но по мечот објави фотографија на инстаграм од неговите соиграчи како се радуваат и напиша: „Каков тим“.
Навивач на тоа искоментира: „Ти дојде во Барселона за да правиш слики“ и му се изнасмеа.
На тоа Боатенг му одговори: „Но многу добри слики“.
