134
Норвич и Престон
ремизираа со резултат 1-1 изминатиов викенд во англиската Чемпионшиплига.
Но, резултатот остана во
сенка по тоа што се случи на овој натпревар.
Помошникот судија Марк
Џонс се повреди во текот на мечот, а како што налагаат правилата, него го
замени четвртиот судија Енди Дејвис.
Некој мораше да ја
преземе улогата на четврти судија потоа, а тоа го направи ни помалку, ни
повеќе, туку навивач на Норвич, кој беше во првите редови на трибините на
фудбалската арена.
Станува збор за Дејвид
Торнхил, тој доби опрема, ја одработи својата задача до крајот на натпреварот а
за тоа доби и пофални коментари.
Инаку, тој е
квалификуван судија и има искуство во оваа област.