Фламенго со 2-1 го совлада Велез Сарсфилд на реваншот на „Маракана“ и со вкупни 6-1 се пласираше во финалето на Копа Либертадорес.
Навивачите на бразилскиот клуб беа во еуфорија, а еден од нив ја премина границата. Додека новинарката Џесика Дијаз имаше прилог во живо, тој ја бакна по образот. Таа не изреагира, продолжи професионално, но навивачот потоа заврши во притвор.
A repórter Jéssica Dias, da ESPN, foi assediada ao vivo por um lixo humano que suja a camisa do Flamengo com atos repugnantes como este. pic.twitter.com/bHnHKtYUeH
— Paulo Pacheco (@ppacheco1) September 7, 2022
Тој бил идентификуван од полицијата и бил уапсен под обвинение за сексуално вознемирување. Следниот ден бил пуштен на слобода, но сега не смее да го напушти Рио без посебна дозвола од властите, веќе не смее да оди на фудбалски натпревари и доби забрана да и се доближува на новинарката.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК