Натпреварот Аталанта-Валенсија е виновен за хаосот во Италија и големиот број на починати од коронавирусот?!

by
1 минути читање

Италија е земјата
во Европа најпогодена од коронавирус, во моментов од Ковид 19 животот го
загубија преку
3.400 лица,
бројка поголема дури и од починатите во Кина, каде се појави заразата.

Најсериозно е во северниот
дел на земјата или поточно во Бергамо, каде пред два дена војската со конвој
камиони помогна во транспортот на мртвите пациенти бидејќи крематориумите не
можат да постигнат. Само во Бергамо има починато преку 530 лица.

Имунолог од Рим
смета дека натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија во Лигата на шампиони го
предизвикал хаосот. Мечот се играше во Милано на Џузепе Меаца со публика, а
преку 40.000 навивачи дојдоа да му дадат поддршка на својот тим.

„Веројатно имаше
неколку настани кои послужија како катализатор. Веројатно еден од нив е дуелот
помеѓу Аталанта и Валенсија. Тоа беше врвот на колективна еуфорија во сезона
која е историска. Помина еден месец од тој натпревар, термините се поклопуваат.
Беа собрани илјадници луѓе, седеа еден до друг, манифестираа еуфорија како
гушкање, викање… и ова е најлесен пат за коронавирусот да се прошири“
– вели имунологот Франческо Ле Фоке за Кориере дело Спорт.

„Можам да
претпоставам дека многумина не сакале да го пропуштат натпреварот дури и да
имале малку покачена температура или треска. Од сегашна гледна точка, лудило е тоа
што дозволија натпреварот да се игра со публука, но тогаш работите не беа толку
јасни“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×