Натпреварите во Премиерлигата би можеле да траат помалку од 90 минути

by
1 минути читање

Натпреварите од
англиската Премиерлига би можеле да траат и помалку од стандардните и регуларни
90 минути откако актуелната сезона би продолжила, барем според зборовите на
извршниот директор на Ацосијацијата на Професионални Фудбалери на Островот,
Гордон Тејлор.

Клубовите
дискутираат околу сите можни сценарија во случај да продолжат со натпреварите,
најмногу се внимава на мерките за заштита на здравјето на фудбалерите и
не-фудбалскиот персонал, извесен период се наведуваат неутрални терени кои се
ставени на маса на дискусиите помеѓу клубовите, а една од опциите е воедно и
повеќе од три измени за време на еден меч на една екипа.

Ќе мора да
почекаме, а потоа ќе видиме каков би бил исходот, јас говорам за протоколот кој
ќе излезе, говорам за иднината
“ вели Тејлор за „ББС Радио 4“.

Никој не знае
што би се случило во иднина, тоа што засега го знаеме дека постојано се нудат
идеи, една од идеите е секако екипите да имаат можност за повеќе измени,
натпреварите веројатно не би траеле 45 минути во едно полувреме, неутралните
стадиони исто така се опција, но постојат и многу други работи за кои се
дискутира
“ додава тој.

Ние се трудиме
околу овој процес, сакаме да сочекаме за да го видиме сиот исход на понудени
идеи, за потоа да оставиме на тренерите и фудбалерите истите да ги разгледаат и
да дадат сопствено гледиште
“ заклучи Тејлор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×