Maкедонија утре го игра вториот натпрвеар од квалификациите за Светското првенство во кој ќе се соочиме со Велс на домашен терен.
Натпреварот ќе го играме на домашен терен со почеток од 20:45 часот.Се очекува големо присуство од македонската публика на стадионот, но и островската репрезентација ќе има поддршка.
Имено, Велс има неофицијален навивачки тим и често пати играат пријателски натпревари кога нивната селекција гостувала во странство. Досега имаат 125 натпревари, последниот беше против навивачкиот тим на Исланд.
Сега тие ќе ги одмерат силите со четвртолигашот Слободен, а средбата е закажана за од 12 часот на тренинг-центарот Петар Милошевски. Ќе потсетиме за Слободен ова е втор ваков натпрева откако претходно во 2023 година играат против навивачкиот тим на Англија и тој дуел заврши 1-1.