Наташа Андонова раскажува: Ми викаа дека сум луда, фудбалот бил за момчиња а не за девојчиња

by
1 минути читање

23 годишната
Македонка по кратката авантура во ПСЖ, изминатово лето потпиша за Барселона.

На Камп Ноу таа
пристигна како големо засилување, па Мундо Депортиво направи сторија за Наташа
Андонова, и разговараше со репрезентативката на „Црвено-жолтите“.

„Родена сум за да
станам фудбалер”
– вели Наташа Андонова, чиј татко, чичко и дедо исто така
играле фудбал.

„Покрај тоа што
редовно одевме на стадион да гледаме фудбал, често гледавме фудбал и на
телевизија. Дома се што правевме беше поврзано со фудбал. Па јас и мојата
сестра (Сијче Андонова, која игра за Блау Вајс во Германија) решивме да ги
следиме стапките на нашиот татко”.

Иако фудбалот е
многу популарен во Македнија, на Наташа не и било лесно на почетокот.

„Ми велеа дека
фудбалот е за момчиња, не за девојчиња, викаа дека сум луда. Но имав огромна
поддршка од семејството, постојано ми кажуваа: „Знаеме што сакаш да станш и што
обожаваш да правиш“”.

Андонова до 13
години тренира со момчиња, потоа се сели во женски клуб и на 16 години, заедно
со сестра и Сијче, прави голем трансфер во Германија во редовите на Турбине.

„Сестра ми беше
од голема помош, тој период беше многу тежок, веројатно најтешкиот во мојот
живот. Бев тажна поради тоа што го напуштив семејството, а не зборував ниту
германски или пак англиски, но таа помогна се да биде полесно”.

За преселбата на
Камп Ноу, Наташа додава: „Мојот агент ми кажа дека Барса сака да ме ангажира.
Го познавав градот, и знам за колку голем клуб се работи. Кога ќе го слушнете
името Барселона, или пак Меси и Иниеста, знаете што значи тоа. Сите сакаат да
пристигнат тука”.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×