Настапи со Русија на ЕВРО 2004, сега почина во војната со Украина

by bojan
1 минути читање
Бугаев

Поранешниот репрезентативец на Русија, Алексеј Бугајев починал на бојното поле во Украина, веста ја потврди и неговиот татко.

Алексеј Бугајев, 43 годишен поранешен руски репрезентативец, загинал во војната со Украина.

„За жал, вестите за смртта на Алексеј се точни“ – кратко изјавил неговиот татко за локалните медиуми.

Алексеј Бугајев заминал на бојното поле бидејќи тоа му било замена за затворската казна од 9 ипол години што требал да ја одлежи за обид за шверц на дрога.

Тој во својата кариера има настапувано за пет клубови од Русија – Торпедо, Том, Локомотив, Химки и Краснодар. Во седум наврати беше дел и од националниот тим, учествуваше дури и на Европското првенство во Португалија во 2004 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани