Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Алехандро Гарначо добил понуда за преселба во Ал Наср, но шансата за настап покрај својот идол Кристијано Роналдо не била доволна причина за трансфер во Саудиска Арабија.
Алехандро Гарначо е едно од петте имиња на листата за отстрел на Рубен Аморим, заедно со Маркус Рашфорд, Џејдон Санчо, Антони и Тајлер Маласија.
Како што пренесуваат медиумите од „островото“, Аргентинецот ја добил првата понуда за заминување од Манчестер јунајтед.
На адреса на Алехандро Гарначо пристигнала понуда од Ал Наср и шансата за настап покрај неговиот идол Кристијано Роналдо.
Сепак, ова не било доволно примамливо за офанзивниот фудбалер да ја одбере Саудиска Арабија во овој дел од кариерата, па Алехандро Гарначо го одбил предлогот и ќе чека интересен предлог од голем клуб од Европа.
ФОТО: X/Манчестер јунајтед