130
Французинот е
голем трагичар од вчерашниот дуел помеѓу Лестер и Севиља, откако на 15 минути
пред крајот наседна на една провокација од Џејми Варди и заработи втор жолт
картон и исклучување.
„Не кажа ништо но
добро одигра” – вели Насри.
„Бевме лице в лице и тој падна на тревата”.
„Мислев дека
играчите од Англија се поцврсти. Тој ми се внесе в лице и потоа падна на
тревата”.
„Не го допрев, не
направив ништо. Варди одглуми и судијата ни покажа на двајцата жолти картони”.
„Според мене, тој
е измамник. Да беше странец и вие, медиумите од Англија, ќе кажевте дека е
измамник”.
„Имаа водство од
2-0 и резултат кој им одговора, па играј како маж!”.