Според
информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, се вели дека на Милан му
е понуден 29 годишниот Французин од редовите на Севилја, каде игра на позајмица
од Манчестер Сити, Самир Насри.
Наводно
преговорите се на некој начин почнати, но „калчомеркато“ открива дека одлуката
ќе ја донесе раководството на Милан, кое одлучило да размисли убаво околу овој
потенцијален трансфер, поради наводно сомневање во моменталните квалитети на
Насри, неговата физичка и ментална способност да се носи со големиот предизвик
да биде дел од „новиот Милан“.
Засега, тимот од
Милано ги ангажираше напаѓачот Андре Силва (38 милиони евра), централниот бек
Матео Мусакио (18 милиони евра), левиот бек Рикардо Родригез (18 милиони евра)
и фудбалерот кој игра на средината од теренот, Франк Кеси (28 милиони евра)