Англија беше репрезентација која најлошо изведува пенали. Англичаните три пати биле елиминирани на пенали од Светските првенство од исто толку натпревари кои се решавале на тој начин.
Во 1990 на пенали загубија од Западна Германија во полуфиналето, во 1998 беа поразени од Аргентина во четвртфиналето и во 2006 од Португалија исто така во четвртфиналето.
Кога натпреварот против Колумбија отиде до фазата на пенали, навивачите на Англија стравуваа да не им се случи истото сценарио. Тоа чувство се зголеми по промашувањето на Хендерсон, но за среќа на крајот конечно се радуваа.
Насловот на „Сан“ за победата покажува колку значи оваа победа за Англија за рушење на таа лоша традиција.
„Англија победи во пенал серијата – наслов кој мислевте дека никогаш нема да го прочитате“, стои во насловот на „Сан“.