Насилство во Сингелиќ: Претепан голманот на Пчиња, фудбалерите стравувале за животот! (ФОТО)

by riste
2 минути читање

Ужасни сцени во скопското село Сингелиќ на натпреварот од Третата фудбалска лига меѓу Фортуна и Пчиња, гостите едвај извадиле жива глава, а голманот завршил во болница.

Натпреварот бил прекинат во 75. минута при резултат од 1-1, но судијата не го сторил тоа, туку гостите одбиле да продолжат да играат поради ужасните сцени кои се случувале.

Според информациите од гостинскиот тим, ФК Пчиња, најпрво домашната публика ја нападнала гостинската составена од родители и роднини на играчите на Пчиња.

Потоа навивачите на Фортуна ја бутнале заштитната ограда и влегле на теренот. А во таа хаотична ситуација, играч на домаќините од клупата за резаерви го нападнал голманот на Пчиња, Никола Стојановски кој паднал и останал без свест. Додека тој лежел 5-6 фудбалери на тимот од Сингелиќ го клоцале. Соиграчите на голманот се обиделе да му помогнат, но и тие биле нападнати.

Судијата дал знак мечот да продолжи, но играчите на Пчиња немале намера да го направат тоа. Гостите ја чекале Единицата за брзи интервенции, за да можат да го напуштат селото.

Голманот на Пчиња бил итно пренесен во болница.

Сето ова го раскажа тренерот на Пчиња, Часлав Вукановски и потенцираше дека сега чекаат одлука на ФФМ за големиот инцидент.

„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок, нашата екипа поведе рано, нешто подоцна израмни екипата на Фортуна и со резултат 1:1 заминавме на паузата. Се беше во ред се до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, напомена дека тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75тата минута ситуацијата ескалираше, беше бутната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен, ситуацијата се смири и играта продолжи, но еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој при овој напад остана без свест и во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5 или 6 фудбалери го “клоцаа” на теренот, нормално во таква ситуација нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашта екипа немаше услови за такво нешто бидејки нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде сеуште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени од таквата ситуација. Сето оваа надлежните од ФФМ можат да го видат на видео снимките од натпреварот и веројатно ќе се донесат најстроги санкции за играчите на Фортуна за таквото вандалско однесување на еден спортски настан. Исто така нашата екипа мораше да причека да дојде “интервентната” полиција за да го напушти теренот, напомена дека истиот проблем го пријави и нашата публика! Сега на потег е ФФМ и сигурни сме дека ќе донесе реална и правична одлука за денешниот немил и неспортски настан што се случи на стадионот на Фортуна во Сингелиќ!“, изјави тренерот Вукановски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×