Нашата Ива Пројковска ќе биде дел од женското финале во ЛШ!

by Стефан
1 минути читање

Македонската елитна фудбалска судијка Ива Пројковска доби уште едно значајно признание од Европската фудбалска унија (УЕФА), откако беше назначена за четврта судијка во финалниот натпревар од женската Лига на шампиони.

Пројковска веќе подолг период е дел од највисоките натпреварувања под капата на УЕФА, а овој ангажман е уште една потврда за нејзината константна форма и углед во судиските кругови.

На престижниот дуел за трофејот, кој ќе се одигра меѓу англиски Арсенал и шпанскиот великан Барселона, главната судиска должност ќе ја има Хрватката Ивана Мартиниќ. Таа ќе биде придружена од сонародничките Сања Родјаки-Каршиќ и Маја Петровиќ, кои ќе ја имаат улогата на асистентки.

Финалето е закажано за 24 мај, со почеток од 18:00 часот по средноевропско време, на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон. За Мартиниќ, која носи ФИФА-беџ од 2014 година, ова ќе биде нејзино прво финале како главна арбитерка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×