Наседна и Фабрицио Романо: Објави фотографија од Анчелоти направена со вештачка интелигенција (ФОТО)

by Стефан
0 минути читање

Дојде време кога фотографиите тешко можат да се препознаат дали се вистински, па така и најголемите светски медими и новинари наседнаа со фотографија од Карло Анчелоти.

Селекторот на Бразил во овој период ужива на карневалот во Рио каде што се сретна и со големи фудбалски имиња на Бразил како: Роналдо и Денилсон.

Меѓутоа на друштвените мрежи најмногу се прошири фотографија на која Анчелоти е во друштво на три девојки. Сепак, во прашање е фотографија направена од вештачката интелигенција. Таа фотографија ја објави и познатиот Фабрицио Романо, додавајќи:

„Карло Анчелоти со неколку девојки на карневалот во Рио“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×