Новинарот Сајмон
Харт, кој известува за УЕФА од Скопје, вчера имал прилика да се сретне со Дарко
Панчев и да поразговара со популарниот „Кобра“.
Легендата на
Македонија во 1991 имаше прилика да игра против Манчестер јунајтед со Црвена
Звезда исто така во Суперкупот на Европа.
„Црвените Ѓаволи“
тогаш славеа со 1-0 а за пресметката на Олд Трафорд, Дарко Панчев вели:
„Јунајтед имаше добар тим, но ние требаше да победиме”.
„Јас имав неколку
шанси, но среќата не беше на наша страна. Имав еден удар кој ми го одбрани
Шмајхел, прв стигнав до одбиената топка и со глава ја упатив кон празната
мрежа, но Денис Ирвин расчисти од гол линијата”.
Тој исто така открива
дека Сер Алекс Фергусон се обидел да го однесе на Олд Трафорд, Шкотот пратил
факс до Интер и се распрашувал за неговите услуги.
„Направив многу
голема грешка” – вели поранешниот напаѓач со насмевка на лицето. „Одлучив да
останам и да се докажам во Интер”.