Направи трансфер од 20 милиони во Челси и падна во депресија, сега игра во трета лига и е среќен

by bojan
1 минути читање

Омари Келимен раскажа како паднал во депресија по трансферот во Челси вреден 20 милиони фунти, но откако се преселил во третолигашот Кардиф, сега е среќен и повторно се чувствува како фудбалер.

Омари Келимен летото во 2024 премина од Астон Вила во Челси во зделка вредна околу 20 милиони фунти, но неговата авантура на Стемфорд Бриџ се покажа како кошмарна.

Повреда на зглобот го спречи да има нормални подготовки за сезоната, а кога почна да работи на фитнесот, ја повреди задната ложа.

Првичната прогноза беше пауза од 12 недели, но Омари Келимен беше надвор од стројот двојно повеќе, односно 26 недели.

Кога се врати во тимот на Челси до 21 година во месец март, веднаш ја обнови повредата, мораше на операција и сезоната 2024/25 за него беше завршена.

Во овој период со повреди, тој паднал во депресија, почнал да игра голф и целата плата ја трошел на шопинг.

Пред почетокот на сезоната, тој беше испратен на позајмица во третолигашот Кардиф, каде сега е среќен и повторно се чувствува како фудбалер.

„Играм за клуб каде секој натпревар е важен и тоа е добро. Ова е мојата прва сезона како сениор каде што играм секоја недела и навистина сум среќен“ – вели Омари Келимен.

За маките во Челси, тој додава: „Тоа беше како надолна спирала на настани. Секогаш когаш ќе помислев дека сум повторно на нозе, ќе се случеше нов пех. Кога се повредив против Норич (повреда која го принуди на операција), се чувствував како да сум на дното од бездната“.

„Дојдов до точка каде што немав желба ниту да отворам телефон и да видам што зборуваат луѓето за мене, не се чувствував како фудбалер“.

ФОТО: X/ChelseaFC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×