Фудбалерот на Челзи, Педро Нето, е казнет со една натпревар суспензија и со парична казна од 70.000 фунти поради двата жолти картони што ги доби во дуелот против Арсенал.
Нето ќе ја отслужи суспензијата на следниот меч против Њукасл Јунајтед.
Во мечот против Арсенал, тој доби два жолти картони во само три минути. Првиот беше за непримерно однесување по постигнатиот гол на противникот, а вториот три минути подоцна за фаул над Габриел Мартинели.
„Играчот се однесувал на непримерен начин, не го напуштил теренот пристојно и користел непристојни зборови упатени кон официјалните лица по добивањето на црвениот картон“, стои во објаснувањето на Фудбалска асоцијација на Англија.
За фудбалерот на Челси ова беше деветто исклучување сезонава во сите натпреварувања.
Дополнително, Нето веројатно ќе се соочи и со казна од УЕФА поради туркање на дете кое на мечот во кој Челси доживеа тежок пораз на гостување кај ПСЖ во Лигата на шампионите се обиде да „украде време“.
Should Pedro Neto have been sent off for pushing the Ball Boy? #PSGCHE
— The Final Whistle (@Rufus_45) March 12, 2026
pic.twitter.com/FYkIXFLW6g