Направи сензација и го одведе Курасао на СП, а сега си поднесе оставка поради важна причина!

by 24 фудбал
1 минути читање

Дик Адвокат направи историски успех со пласманот на Курасао на СП 2026, но нема да ја води селекцијата на завршниот турнир.

Искусниот холандски стратег официјално се повлече од селекторската функција, одлучувајќи целосно да му се посвети на семејството поради сериозните здравствени проблеми со кои се соочува неговата ќерка.

„Јас отсекогаш сум велел дека семејството е најважно од се, така што одлуката воопшто не беше тешка. Сепак, тоа не значи дека нема да ми недостигаат фудбалерите и навивачите од оваа прекрасна земја. Освоениот билет за СП засекогаш ќе биде еден од најголемите успеси во мојата кариера“, изјави 78-годишниот стратег.

Негов наследник ќе биде сонародникот Фред Рутен, кој ќе ја предводи репрезентацијата на мундијалот.

Куракао на СП 2026 ќе игра во група со Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×