Наполи загуби од третолигаш во дебито на Де Брујне!

by riste
0 минути читање

Наполи доживеа разочарувачки пораз од Арецо со 2-0 и покрај тоа што дебитираа четирите нови засилувања, Кевин Де Брујне, Ноа Ланг, Лоренцо Лука и Сем Беукема.

Сите четворица беа стартери на натпреварот, Наполи играше со одличен тим во кои беа и другите значајни фудбалери како Лукаку, Нерес, Спинацола, Ангиса, Хесус, Ди Лоренцо… но и покрај тоа загуби од тимот кој игра во Серија Ц.

Во овој дел од подготовките Антонио Конте форсира физички тренинзи, па веројатно тешки се нозете на фудбалерите на Наполи кои очигледно биле далеку од посакуваното ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×