Наполи во проблем: Капитенот го сруши Халанд и доби црвен картон, „жртва“ беше и Де Брујне (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Наполи се соочи со голем проблем во дербито на вечерта во Лигата на шампионите и по 21 минута игра остана со фудбалер помалку.

Ди Лоренцо стартуваше и го собори Халанд кој имаше отворен пат кон голот, а по реакција на ВАР кога беше потврдено дека капитенот на италијанскиот тим нема контакт со топката беше испратен во соблекувалната.

Поради црвениот картон жртва беше и Кевин Де Брујне за кој Конте со неговите тактички замисли одлучи Белгиецот да го напушти натпреваорт во 25. минута. На негово место влезе дефнзивецот Матијас Оливера. Македонскиот репрезенттативец, Елиф Елмас шанса чека од клупата за резерви.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×