Наполи во едно полувеме го реши Кремонезе, Хојлунд двоен стрелец (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По изненадувачкиот пораз од Удинезе во минатото коло. Наполи попладнево се врати на победидте и со 2-0 се радуваше на триумф на гости кај Кремонезе.

Натпреварот беше одлучен во првото полувреме кога гостите ги постигнаа двата погодоци. Резултатот беше отворен во 13. минута кога погоди Хојлунд, а истиот фудбалер во звршницата од полувремето го постигна и вториот погодок.

Во продолжение Наполи создаде уште неколку прилик, Хојлунд имаше можност и за хет-трик, меѓутоа резултатот не се промени.

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас беше од првата минута на теренот и остана до 51. кога во игра на негово место влезе Ланг.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×