Наполи уште не го откупил Хојлунд, а договорил откупна клаузула за негово заминување

by Стефан
0 минути читање

Eкипата на Наполи летово го  доведе данскиот напаѓач од Манчестер јунајтед на позајмица, а во него има и клаузула со која клубот од Неапол автоматски ќе го откупи за 44 милиони евра, ако се исполнат одредени услови.

Италијанските медиуми сега откриваат и дека во случај тој да потпише перманентен договор со Наполи во него е договорена и откупна клаузула.

Клаузулата би можела да се активира од 2027 година и тоа за сума од 85 милиони евра.

Ќе потсетиме, Наполи во финишот од преодниот рок покрај Хојлунд го доведе и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×