Џејми Варди би можел да направи сензационален трансфер и да заигра во дресот на актуелниот шампион на Италија, Наполи.
Варди има 38 години и е без клуб откако летово се раздели со Лестер, клуб во кој остави длабока трага со 200 голови на 500 настапи. Иако во изминатиот период се поврзуваше со Евертон, Селтик и Ренџерс, искусниот англиски напаѓач сè уште не ја донел конечната одлука за својата иднина.
Наполи е во потрага по нова „деветка“ и Варди е едно од имињата кои се разгледуваат како можни засилувања. Причината за тоа е повредата на Ромелу Лукаку кој ќе биде надвор од терените неколку месеци, што значително го намали изборот во нападот на тренерот на „небесно сините“.
Италијанските медиуми пишуваат дека Варди може да биде решението, а трансферот во Наполи би бил вистинска бајка за еден од најомилените англиски голгетери во последната деценија.